Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

minzazdravstvo fin

26.03.2020

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот ФБ профил објави најнови податоци поврзани со состојбата со коронавирусот. Велешани можат да бидат спокојни, во изминатите 24 часа, нема новозаболени лица во градот. Еве ги податоците на министерството за здравство:

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 24 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (123)
- Дебар (43) од кои 2 починати
- Куманово (15) од кои 1 починат
- Штип (8)
- Велес (3)
- Охрид (3)
- Кавадарци (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
- Тетово (1)
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати.„ пишува во статусот на министерот Филипче./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново