Градоначалникот Аце Коцевски со семејството се негативни на „Ковид 19“
27.03.2020
Освен Градоначалникот негативни се резултатите од тестовите и на неговата сопруга д-р Билјана Коцевска како и на нивните деца.
Веста попладнево градоначалникот ја објави на својот Фејсбук профил:
„ Драги фб пријателки и пријатели,
Ве известувам дека според резултатите од земените примероци за корона вирусот и јас и членовите на моето семејство се негативни.
Ви благодарам за вниманието, грижата и за големата поддршка.
Посакувам и резултатите на сите други да бидат негативни.
Вам и на Вашите најмили ви посакувам добро здравје.
Ќе помине и ова.
Чувајте се.
Со почит,“ напиша Коцевски.
Тој со семејството завчера одлучија да се самоизолираат откако сопругата, д-р Билјана Коцевска како матичен лекар, имала контакти со двајца од заболените велешани со „Ковид 19“./У.Ј