Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

viziri fin

30.03.2020

Поттикнати од случувањата со пандемија од COVID -19 и зголемените потреби од заштитни средства за луѓето кои што се на првата борбена линија и работат за потребите од здравствени услуги за граѓаните, 18 вработени дел одадминистрацијата и менаџерскиот тимна РОНТИС ДООЕЛ, предводени од директорката г-ѓа Бојана Димовска, викендов наместо во канцеларија влегоа во одделот за производство да изработат заштитни визири. Со големото искуство што тимот на Ронтис го има во масовно производство на медицински помагала, не беше тешко да се пренамени дел од производните линии и од идеја да се реализира финален производ, заштитен визир. За нешто помалку од 7 часа се произведени и спакувани 500 визири.

vizirirabotnici1

Визирите се произведени рачно, но со Ронтис квалитет, односно во чисти простории (класа 8) и поединечно спакувани во блистер пакување.

vizirirabotnici2

ДПТ Ронтис ДООЕЛ е општествено одговорна компанија, која се грижи за сите пациенти и здравствениот персонал и затоа првично овие визири ќе бидат донирани во ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом Велес, Центарот за јавно здравје Велеси ЈЗУ Специјализирана болница Јасеново. Дополнително ќе бидат изработени количини за сите матични лекари од Велес.

vizirirabotnici3

Донацијата ќе биде предадена денеска во 14:30 часот во ЈЗУ Здравен дом Велес на Директорот Никола Димовски, од каде што другите јавни здравствени институции ќе можат да ги подигнат./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново