Димовски: „Веруваме во Вас, Хероините и Хероите на нашето време и затоа и ќе победиме!“
Честитајќи им го 7 април, денот на здравството директорот на ЈЗУ Здравствен дом Велес Никола Димовски им честита на храброста и им порача на здравствените работници дека најважно е во справувањето со подмолниот непријател „Ковид 19“ на крајот здрави да се сите, па и здравствените работници како дел од доволно обучен, едуциран, соодветно поддржан медицински кадар, кој е соодветно платен и признаен сразмерно со услугите и квалитетот на грижата што му ја дава на пациентот.
„Почитувани здравствени работнички и работници,
Денес е Вашиот Ден, Светскиот ден на здравјето, кој се слави во сите земји членки на ОН. Оваа година, Светската здравствена организација го посвети 7-ми април на медицинските сестри и акушерки кои се со нас во првите борбени линии во справувaњето со подмолниот непријател КОВИД-19.
Нашата крајна цел во оваа борба е здравје за СИТЕ а тоа зависи и од тоа колку ќе има доволно обучен, едуциран, соодветно поддржан медицински кадар, кој е соодветно платен и признаен сразмерно со услугите и квалитетот на грижата што му ја дава на неговото Величество ПАЦИЕНТОТ.
Правото на здравје е универзално човечко право и секој што држи до етичност не смее да си игра со тоа. Сите граѓани се свесни дека неуморно го давате својот максимум и најодговорно ја вршите својата работа во оваа тешка битка. А ние сите ќе се обидеме да ви овозможиме солидни услови за работа.
На сите здравствени работници, поединци и установи што сиот свој живот го посветиле на грижата за здравјето и животот на сите граѓани од срце Ви го честитам Светскиот ден на здравјето, со желби за победа над заедничкиот непријател.
Веруваме во Вас, Хероините и Хероите на нашето време и затоа и ќе победиме!,“ нашиша Димовски.