Шест новозаболени со „Ковид 19“ во Велес, сите се нови потенцијални жаришта, а од нив и двајца медицински работници или вкупно 24 граѓани
12.04.2020
Медицинска сестра од Ифективно одделение во ЈЗУ Општа болница во Велес, еден вработен во Итната помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес, еден велешанец кои се терстирал самоиницијативно во приватната клиника „Жан Митрев“ и две велешанки од кои едната работела во Скопје а за другата сега се потврдуваат личните податоци се ново инфицираните граѓани на Велес.
Според директорот на Центар за јавно здравје Велес, Тони Димитриев на болничко лекување треба да се веќе примени или ќе бидат примени и сопругата на велешанецот што исто така се тестирала во „Жан Митрев“ и има позитивен резултат како и нивните две малолетни деца и покрај тоа што децата не се тестирани.
– Од ова семејство во изолација се ставени и таткото и мајката на велешанецот и се следи нивната здравствена состојба. Младите, брачните другари, тестирање направиле преку матичен лекар уште неколкумина велешани. Ја чекам епидемиолошката анамнеза на втората жена што покрај првата која била вработена во Скопје треба да даде податоци за генезата на заболувањето. Како што реков, за жал, денеска веќе се стигнати резултатите и на двајцата здравствени работници и тие се позитивни. И тие ќе бидат сместени и лекувани на инфективното одделение во велешката болница. Чекаме резултати од тестови и за уште неколкумина велешани. Ова веќе е слика според која потребно е обезбедување на дополнителен болнички простор за лекување на инфицирани од „Ковид 19„ во градот. Се разгледува опција и најдоцна до утре ќе биде точно утврдена локацијата што ќе прифака дополнително или новозаболени граѓани иако посакуваме тоа да не му се случи на Велес, додаде Димитриев.
Денеска на инфективното одделение во велешката болница на лекување од „Ковид 19“ има 18 пациенти. Од нив 11 се потврдени додека за 7 се чекаат резултати.
– Меѓу оние за кои се чекаат резултати се две лица кои се префрлени од државниот карантин од хотел „Монтенегро“. Тие се примени на нивно барање, вчера доцна попладне, со симптми кои покажале совпаѓање како и „Ковид 19“. Здравствената состојба на сите лежечки пациенти во моментов е стабилна и добра, рече д-р Весна Николова Неделковска портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес.
Според генезата, сите денеска објавени податоци за новозаболените велешани од коронавирус не се поврзани со претходни заболени и секој од нив претставува ново жариште на инфективното заболување./У.Ј