Последниот полициски час не го почитувале двајца кавадарчани, во изолација 93 лица и во самоизолација двајца велешани
Објавено на 27 мај, 2020 во 09:09
27.05.2020
Во текот на изминатото деноноќие, 26/27.05.2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес две лица во Кавадарци не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.
Во овој период има четири нови регистрирани лица со Решенија за изолација во Велес додека со Изјава за самоизолација има две нови лица во Велес.
Вкупно со Решение во изолација има 93 лица, од кои 69 во Велес, 11 во Кавадарци и 13 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има две лице во Велес.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки./У.Ј