Осум лица го прекршиле полицискиот час во Велес
8.06.2020
Заврши уште еден продолжен викенд во кој на сила беше полициски час. СВР Велес денеска ја објави статистиката за нарушување на забраната за движење.
Полицијата на терен за време на викендот евидентирала осум прекршувања на забраната за движење во Велес, шест во Неготино и осум во Кавадарци.
Сепак, голем беше бројот на граѓани кои не ја почитуваа оваа рестриктивна мерка. Движење со возила и пешачење на групи, најчесто, можеа да се забележат по сите споредни улици во Велес. Граѓаните и овој пат не ја сватија сериозно оваа мерка, која има за цел рестрикциja за групирање и движење со цел заштита од вирусот Ковид 19.
Од СВР Велес информираат дека нема нови регистрирани лица со Решениe за изолација,а со Изјава за самоизолација има пет нови лица, сите во Неготино.
Вкупно со Решение во изолација има 105 лица, од кои 67 во Велес, девет во Кавадарци и 29 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 91 лица, од нив 63 се во Велес, 18 во Кавадарци и 10 во Неготино.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.
Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 25 лица, и тоа, 10 во Велес, седум во Кавадарци и осум во Неготино.
/У.Ј