На површината на водата во Вардар големи мрски флеки кои смрдат на нафта
15.06.2020
Големи мрсни дамки утрово лебдат на површината на водата во река Вардар, по течението низ Велес. Нив први ги забележале рекреативците кои рано наутро слободното време го минат во централниот Градски парк. Тие ја испратија фотографијата.
Освен што водата ги носи дамките по течението има и неподнослива смрдеа на нафтени деривати што се чувствува не само по должината на брегот туку и во паркот, пишуваат рекреативците.
Фотографијата , според нив, е направена во 7 часот и 20 минути.
На неа можат да се забележат големите мрсни дамки на површината на водата. Тие укажуваат дека загадувањето најверојатно го предизвикало истекување од некоја велешка фирма.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски знае за појавата на загадувањето на водата во реката. Тој за еден час најави дека ќе даде изјава откако инспекторите од Одделението за заштита на животна средина излегле на Општина Велес биле на терен и ја утврдиле фактичката состојба.
Првично станува збор за загадување што го предизвикала фабриката за масло „Благој Ѓорев“. Повеќе детали по изјавата на Коцевски./У.Ј