Tројца новозаразени од Ковид 19 во Велес
Објавено на 15 јуни, 2020 во 11:38
15.06.2020
Три нови случаи заболени од коронавирус има денеска во Велес. Тие влегоа во статистиката на Министерството за здравство во последните 24 часа, кога во државата се направени 841 тестирање и регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19.
Според информации на Дума.мк станува збор за заболени од ЈП Македонски пошти. Тоа било причина за затворената пошта во близина на пазарот во Велес.
Денеска нема оздавени сограѓани помеѓу тие што се лекуваат на Инфективното одделение на Општа болница Велес./У.Ј