Нема излевање на мазут од велешка Маслодајна во река Вардар, велат менаџерите
15.06.2020
Менаџментот на ПИ,,Благој Ѓорев‚‚ АД Велес во соопштение за јавност тврди дека од фабриката во река Вардар нема излеано мазут во река Вардар туку количина од 300 литри се слеала на улицата пред фабриката.
Од велешка Маслодајна информираат дека како последица на пукнат греач на мало котле во погонот „Котлара“ се појавило излевање на количина на мазут од фабриката на улицата, но дека тие веднаш спречување од понатамошно излевање.
„Во текот на целиот настан од 10.40 часот беше присутна полициска служба која што го регулираше сообраќајот. Официјално, преку телефонски повик беа известени и надлежните служби на општина Велес во 11часот. Причината за излевање на мазутот е пукатиот греач кој што се наоѓа на горниот дел од котлето. Понатаму мазутот се влева во прифатен базен кој што е во склоп на погонот, а потоа во канал кој што води во дворот на фабриката. Понатаму постои уште еден прифатен базен (кој е физички оддалечен од уличните канали за отпадна вода) и кој би спречил директно излевање на мазутот надвор од кругот на фабриката, но во случајов поради временските услови дел од него бил полн со вода, па мазутот бидејќи е полесно средство од водата испливал на површина и се прелеал преку оградата. Количината на излеан мазут од малото котле која што излегла на улица не повеќе од 300 литри согласно визуелните проценки. Веднаш настапи екипа која што изврши покривање на мазутот со сончогледово ќоспе, со цел да не настане излевање на мазутот во шахтите на улицата. Количината на мазут и ќоспе е исчистена и префрлена во трактор. Според ПИ ,, Благој Ѓорев‚‚ АД Велес изјавува дека нема излеано количина на мазут директно во одводен канал согласно претходно објаснетата ситуација. Затоа имаме испратено и соодветни фотографии. Надлежна служба ,,Дервен‚‚ изврши перење на улицата Алексо Демниевски во вечерните часови,“ соопштија од ПИ „Благој Ѓорев“ АД Велес