Превртено возило кај Венуле, еден патник повреден и во безсознание
Објавено на 23 јуни, 2020 во 11:57
23.06.2020
Сообраќајната несреќа се случила на стариот пат Велес – Градско во близина на исклучувањето кон село Венуле пред петнаесеттина минути. Таму се превртел автомобил и во него има повреден патник кој бил во безсознание.
Од Итната медицинска помош во Велес ја потврдија информацијата и соопштија дека нивна екипа е тргната на интервенција. Возилото со медицинската екипа и вклучена сирена помина низ центарот на Велес.
Освен нив на местото на сообраќајката се упатија и возила на полицијата од СВР Велес./У.Ј