(ОБНОВЕНО) Автомобили со скопска и битолска регистрација се судриле кај Венуле
23.06.2020
Во несреќата има двајца повредени патници, им јавила медицинската екипа од лице место на диспичерите во Итна помош. Екипата која е пристигната на местото на сообраќајката веќе пружила прва помош за двајцата возачи на автомобилите со скопска и битолска регистерска табличка.
-Еден од двајцата возачи на автомобилите за кој добивме информација дека е во безсознание по интервенцијата е освестен но многу конфузен со повеќе посекотини на телото додека вториот има болки во градите поради притисок што го создал воланот при судирот. Првиот од повредените е мобилизиран и со вклучена терапија е на пат кон Велес. И вториот повреден се транспортира. Нашата екипа повредените ќе ги транспортира во Општа болница Велес, рече началничката на Итна помош во Здравствен дом Велес, д-р Васе Пановска Поп Стефанова.
Во сообраќајката нема загинати или други повредени патници/У.Ј