Левица: Сите стечајци материјално обезбедени до пензија
24.06.2020
Закон за материјално обезбедување на сите стечајци во Република Македонија што ќе биде донесен од страна на новиот состав на Собранието на иницијатива на партијата Левица е едно од главните предизборни ветувања. , рече Бобан Кочовски, кандидат за пратеник од оваа партија.
“Левица е единствена политичка партија која што е раководена од деца на стечајци и лица кои што и самите се членови на работничката класа. Со овој закон сите неисплатени побарувања на стечајците ќе бидат во целост подмирени од страна на државата се до добивање на пензија. Со ова би помогнале на илјадници семејства кои долги години безуспешно сами ја водеа оваа битка, но Левица ќе стави крај на тоа”, рече Кочовски, кој, на промоцијата на својата пратеничка кандидатура, порача дека само преку социјална држава може да има социјална правда,“ рече Бобан Кочовски, кандидат за пратеник од оваа партија.
Денешната прес конференција „Левица“ ја одржа во Велес./У.Ј