Тројца новозаразени, еден починат и четворица оздравени велешани
24.06.2020
Почина 57 годишниот жител на Горно Оризари кој беше транспортиран завчера ноќта на Инфективна клиника во Скопје. Денеска има потврдено тројца новозаразени сограѓани и четворица се оздравени.
До денеска во Општина Велес од инфективното заболување биле инфицирани 172 граѓани, оздравени се 129 и починати 12 граѓани.
-На Инфективно одделение се лекуваат 18 пациенти на коронавирус. Шеснаесет се потврдени и се чекаат резултати за двајца пациенти. Двајца од пациентите се на кислородна поддршка, рече портпаролката на Општа болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова.
Во вардарски регион, денеска, има регистрирано уште еден новозаразен во Неготино.
Во последните 24 часа кога се направени 1208 тестирања регистрирани се вкупно 136 нови случаи на ковид-19 во државата.
Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095./У.Ј