Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Igor Janushev fin1

25.06.2020

Игор Јанушев, носител на листата со пратеници во Изборна единица број 3 на Коалиција „Обнова на Македонија“ предводена од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ денеска од Велес ја започна кампањата. Тој пред новинарите ја претстави програмата со која оваа коалиција на претстојните вонредни парламентарни избори ќе ја бара поддршката на граѓаните.

-Надеж, извесност и иднина за граѓаните во државата ги нудиме преку зголемување на платите и пензиите, преку инфраструктурната изградба на државата, преку конечно ставање во ред на нешто што беше камен на сопнување на сите претходни влади а тоа е вистинска реформа на судството, но исто така и реформа во сите останати сектори образование, здравство како и се друго што е битно за сите луѓе кои живеат во Република Македонија. Да не ги заборавиме земјоделците, културните работници, спортистите за кои подготвивме голем број на проекти како „Денар за спортот“ или „Денар за културата“ потоа зголемувањето на пензиите за 20 %. Приклучок на гасификацијата за буквално секое домаќинство без пари или еден вид на кампања која ќе даде повеќе за секого ќе се обидеме да убедиме што поголем број на луѓе да ни ја дадат поддршката, рече Јанушев.

Според носителот на листата со пратеници во изборна единица број 3 на „Обнова на Македонија“ го издвои Велес во проектите со кои ќе ја обновувале инфраструктурата на градот, поврзувањето на градот со пат преку Прилеп и Битола со грчка граница, поврзувањето со Коридор 8 и со експресните патишта кои актуелната влада ги оставила во состојба како и пред три или четири години.
На прес конференцијата со Игор Јаннушев денеска во Велес беа и кандидатот за пратеник од нашиот град Игор Здравковски кој на кандидатската листа се наоѓа на реден број 6 како и неговиот колега од Градско, Киро Нацков кој се наоѓа на реден број 18./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново