Четири новозаболени, еден починат и еден оздравен во Велес
29.06.2020
Почината е жена на 68 годишна возраст која не живеела во Велес туку во населено место и се лекувала на Инфективна клиника во Скопје. Таа е 12 жртва на коронавирусот во општината додека еден од починатите живееше во Чашка.
Во изминатите 24 часа четворица велешани се новозаболени додека еден е излекуван од Ковид 19, кога во државата регистрирани се вкупно 132 новозаразени .
Со последните регистрирани заболени вкупната бројка во Велес изнесува 182 граѓани.
Има и 33 лица кои се водат како активни додека оздравени се 132 граѓани. Во домашни услови се лекуваат 24 велешани. Двајца сограѓани се лекуваат во приватни клиники во Скопје.
-Денеска на Инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат 15 пациенти и од нив 4 се на кислородна поддршка. За еден пациент се чекаат резултати од земен брис, рече портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова.
Од новозаразените во изминатото денонокие еден е веќе примен на Инфективното одделение со потврден тест на коронавирус додека останатите тројца се од вчерашниот кластер на позитивното тричлено семејство./У.Ј