Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Vozilo fin

29.06.2020

Автомобил паркиран во тесниот сокак, покрај железничката пруга Скопје – Гевгелија, со часови ја блокираше улицата „Кукушка“ во Велес. Таа се наоѓа во месноста Дворови и токму таму овој сопственик го паркирал автомобилот.

Сокакот започнува од железничкиот премин и е оддалечен само триесетина метри, од паркинг просторот за педесеттина возила пред Железен Мост. Тој паркинг, што се наоѓа покрај железничката линија Велес – Кочани, постојано е полупразен но затоа возачите во неколку реда ги паркираат возилата на плоштадката пред објектот на поранешната Народна кујна.

Но, очигледно е дека навиките во Велес тешко се менуваат.

„При паркирањето исто така не се води сметка дали возилата ги блокираат влезовите во нашите домови. Не можеме да се разбереме со несовесни луѓе. Не е променета состојбата ниту по ставањето на употреба на паркинг местата пред Железен Мост. Си продолжија да ги паркираат возилата каде сакаат а не каде треба,“ рекоа жителите од оваа населба.

vozilo1 fin

За да излезе од сокакот покрај пругата до улицата „Кукушка“ возач на второ возило бараше помош од полициската станица во Велес. Останати возачи пак се враќаа на назад по тесниот сокак кој воопшто не е широк ни за сообраќање во една насока./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново