Два нови случаи на заразени од Ковид 19 денеска во Велес
30.06.2020
Дете на 12 годишна возраст кое било на гости во Србија и маж на 29 годишна возраст кој имал контакти со веќе заразени лица се новозаболените велешани од коронавирус во изминатите 24 часа. Тие сами побарале да бидат тестирани, поточно детето го донеле родителите поради претстој надвор од државата додека мажот затоа што имал контакти со заболените лица од еден кластер во претходните денови.
Од почетокот на епидемијата до денеска 184 граѓани во Велес се заразени со Ковид 19.
-И детето и мажот се без симтоми на вирусот но нивните тестови се позитивни. Засега се излолирани, во домашни услови. Нив секојднево ќе ги контролираат преку телефон матичните лекари. Денеска во Велес, брис за тест од Ковид 19 е земен од вкупно 16 граѓани. Контролни тестови направија тројца од нив, рече д-р Билјана Трајкова, епидемиолог во Центар за јавно здравје Велес .
На Инфективното одделение во велешка болница, денеска, се лекуваат 15 пациенти со коронавирус. Во изминатите 24 часа еден е изпишан како оздравен но е примен еден нов заболен пациент.
-Четворица од пациентите се на кислородна поддршка, тоа значи со покомплицирана клиничка слика додека останатите 11 пациенти засега се во стабилна здравствена состојба. Само за еден пациент се чекаат резултати од земен брис, иако тој има симптоми на Ковид 19, додека 14 пациенти се со потврдени резултати на инфективното заболување, рече портпаролката на велешка болница д-р Весна Николовска Неделкова./У.Ј