Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Nikolovskiso Kocik fin

30.06.2020

Велејќи дека е задоволен што кога по двете остварени стратешки цели на СДСМ, влезот на држвата во НАТО и многу извесното влегување во ЕУ, за прв пат по две децении , на овие избори, се зборува за нови цели и политики, носитеот на Листата на пратеници во Изборна единица број 3, Љупчо Николовски денеска како изборно ветување на Коалицијата „Можеме“ ја најави мерката „Денот недела неработен ден за секого, ден за семејството“.

-Тоа е една од мерките што во наредниот мандат целосно ќе биде разработена и воведена. Ме радува што граѓаните многу силно ја препознаваат таа наша идеја. Денеска зборуваме за нови мерки, за нови политики, за денот недела да биде ден за семејството, да имаме еко држава што ќе ја развиваме со иновативни мерки, да ги развиваме нашите македонски села, да ги вратиме Македонците дома а да ги извезуваме нашите македонски брендирани производи надвор од државата, додаде Николовски.

Тој ветува дека Велес ќе биде во фокусот на економските политики на новата Влада.

-Во овој скратен мандат покажавме како е да се грижите за домашната економија , ги изедначивме домашните и странски инвеститори, како ветување што го дадовме во 2016 година. Сега одиме чекор напред, особено преку европските фондови кои што обезбедуват 2,5 милијарди за земјава, за следниот период. Тоа е одлука која што веќе е донесена треба само да се имплементира, во рамки на овој концепт, на нашето чекорење кон ЕУ и тоа се пари кој што доаѓаат во стопанството. 600 милиони евра влегуваат преку Програма на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ за поддршка на стопанството и за отворање на нови работни места. Велес мора да го добие тоа заслужено место. Клучно е, како што кажав, и за Велес да создадеме услови да ги вратиме младите тука. Тие не избегаа само заради платите и вработувањето од Велес, додаде Николовски.

Најавувајќи ја средбата со стопанствениците од Велес, носителот на Листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 3, смета дека за бизнисмените многу ќе значеле економските мерки од Програмата со која излегоа на овие избори и тоа освен за привлекување на транзитни туристи на езеро Младост исто така и за развој на нивните бизниси, отворање на нови работни места итн.

-Општина Велес доби многу голема поддршка и за проектот „Езеро Младост“ и за „Градски пазар“. Преку Светска банка се реализира и изградбата на водовод во село Бузалково како и многу други проекти за кои сме туркале да ги добие Велес. Не сме завршиле се, ни престои уште многу работа, меѓутоа подобрата бизнис клима ќе треба да донесат повеќе туристи на езерото кои кога ќе поминат низ Велес ќе можат да ги видат убавините на центарот на нашата земја. Ќе продолжам да се борам, како и досега, за третата изборна единица каде нема регионален пат што не е изграден или обновен во овие 2,5 години, како силна порака за поврзување со останатите региони и земји. Развојот и поврзувањето ни останува, да се разменува стока, добра и услуги за што ние во оваа кампања зборуваме. Затоа сум убеден дека доаѓа убаво време а тоа се преговорите со ЕУ, додаде Николовски.

Тој додаде дека преговорите со ЕУ помеѓу другото се можност и за добивање на финансиски средства, пари, што ќе се инвестираат во нови водоводи, канализации, рурален развој и развој на селата, во време за кое што по неколку години граѓаните ќе ги потсетува на претстојната силна реформа на системот за што на Коалицијата „Можеме“ и било потребно да добие нов мандат на претстојните избори, на 15 јули, годинава.

Иизборниот караван на Коалиција „Можеме“ денеска престојува во Велес, на средби со велешани, со стопанственици, со млади и завршува со трибина на која Љупчо Николовски со лидерот Зоран Заев и со кандидатот за пратеник д-р Ненад Коциќ ќе ја  реализираат со почеток во 19 часот во Амфитеатар на Младински парк. Поради епидемијата со Ковид 19 вечерашната трибина ќе биде со ограничено присуство, на само 50 граѓани. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново