Ден без новозаболени и со еден оздравен велешанец од Ковид-19
01.07.2020
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5. Вкупниот број на оздравени е помал во споредба со бројот на заболени кои изнесува вкупно 120 и тоа се случаи во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.
Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550.
Табела со активни случаи:
Скопје 3134, активни 2049
Куманово 760, активни 211
Дебар 96, активни 44
Штип 347, активни 160
Прилеп 263, активни 37
Тетово 714, активни 394
Струга 225, активни 140
Велес 186, активни 40
Битола 54, активни 20
Охрид 174, активни 150
Кавадарци 18, активни 12
Гостивар 122, активни 66
Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 15, активни 10
Крива Паланка 15, активни 9
Радовиш 4, активни 0
Крушево 6, активни 3
Кочани 69, активни 22
Пробиштип 19, активни 11
Демир Хисар 2, активни 1
Македонски Брод 5, активни 3
Пехчево 6, активни 3
Берово 2, активни 0
Валандово 6, активни 2
Виница 3, активни 0
Делчево 1, активни 0
Кратово 4, активни 1
Свети Николе 30, активни 26
Кичево 35, активни 29
Ресен 108, активни 94
Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)/У.Ј