Човечкото тело извадено од Вардар испратено на обдукција
Објавено на 8 јули, 2020 во 10:11
8.07.2020
Во СВР Велес, вчера во 13.30 часот, било пријавено дека на место викано „Грнчкишки лаки“, покрај брегот на реката Вардар, било пронајдено тело на починато машко лице. Локацијата е во Општина Градско.
– На лице место бил извршен увид на крим-техника. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Судска медицина и МВР треба да ги утврдат причините за смртта како и идентитетот на пронајденото тело во реката.
Синоќа, неофицијално, се спомнуваше дека е можно телото да е на исчезнато лице од Велес пред околу еден месец./У.Ј