Тешко повреден моторциклист од куче што излегло на патот во населба Речани
Објавено на 3 септември, 2020 во 11:34
3.09.2020
Сообраќајната несреќа се случила вчера, околу 11.45 часот, на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес. Tоцната локација е веднаш по свиокот, пред базата на ЈП „Македонија пат“ каде и патот нема голема прегледност. Педесет годишниот велешанец Ј.К кој возел моторцикл од марката „лифан“, со велешки регистарски ознаки, удрил во куче, по што паднал на коловозот.
Тој Од падот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, скршеници на подколеница, за што бил опериран на Хирушкото одделение во Општа болницата Велес.
– Неговата здравствена состојба денеска се подобрува, информираше д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа на СВР Велес.