Најголем дел од велешките училишта избраа комбиниран модел на наставата за учебната 2020/2021 година
7.09.2020
Во сите основни и средни училишта во Велес формирани се тимови составени од наставници, членови на училишни одбори, на Совет на родители и претставници на Општина Велес со цел заеднички да подготват План за реализација на наставата.
Ова следи по изборот на комбинираниот модел на настава од повеќето училишта по изјаснувањето на родителите во спроведената анкета.
Постојат и училишта, претежно во руралните средини, кои се изјаснија дека наставната програма можат да ја реализираат со физичко присуство на децата и со исполнување на сите протоколи. И таму е почитувано мислењето на родителите.
-Значи зборуваме за учениците од прво до трето одделение. На нивните родителите од училиштата кои се изјаснија за физичко присуство им стои на располаѓање и онлајн моделот. И да се појави само еден родител тоа барање ќе му се овозможи. Она што е извесно е дека Министерството за образование заедно со Бирото за развој на образованието веќе создаваат онлајн Платформа за потребите на образовниот процес. Во тек се обуки за дел од наставници кои потоа ќе ги обучуваат своите колеги или ќе спроведат еден вид на дисиминација. Верувам дека Националната платформа ќе биде големо олеснување за сите наставници, ученици па и нивни родители, рече Верица Тодорова раководител на Сектор јавни дејности на Општина Велес.
Училиштата за сите ученици кои наставата ќе ја посетуваат физички ќе мораат да го обезбедат превозот./У.Ј