Полицијата казнува за не носење заштитни маски
Објавено на 9 септември, 2020 во 15:41
9.09.2020
Секторот за внатрешни работи Велес на 7 и 8 септември, годинава, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнил вкупно 47 граѓани. Полициските службеници од полициска станица Велес напишале 28 платни налози, нивните колеги во Неготино 10 додека девет во Кавадарци.
Осум граѓани повеќе од претходниот ден заработиле казна за не носење на заштитна маска почнувајќи од вчера вечер до денеска. За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници во Велес напишале 35 казни, 13 во Неготино и седум во Кавадарци или вкупно 55 платни налози./С.А