Две тепачки, една сообраќајка со повреден пешак во велешко Горно Оризари и 20 прекршоци од моторциклисти
14.09.2020
Сообраќајката во која е повреден пешакот Е.Ш (42) во село Горно Оризари се случила вчера, околу 13 часот, на улицата „Сараевска“ во селото. Во него удрил патнички автомобил „опел вектра“ со велешки регистарски броеви, управуван од Р.О.(66).
Во незгодата Е.Ш. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес.
– Пациентот се здобил со скршеница на подколеница. По лекарскиот преглед, ренгенскиот наод и извршената мобилизација Е.Ш е испратен на домашно лекување, рече д-р Ведна Николовска Неделкова портпаролката на Општа болница Велес.
Екипа на Полициска станица Велес извршила увид на лице место. Резултатите од увидот ќе ги дадат причините за несреќата.
Двете тепачи, за време на викендот се случиле саботата на 12 септември.
За првата, околу 20.00 часот, во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, Б.Х. (30) бил физички нападнат од неговиот братучед С.Х..(23). Втората се случила триесет минути подоцна во село Долно Караслари каде З.И.(52) пријавил дека пред продавница во селото бил физички нападнат од едно лице.
– Се работи на расчистување на случаите и по целосно документирање ке бидат поднесени соодветни пријави, рече Верољуб Додевски.
Од полицијата исто така соопштија дека во вчерашниот ден
во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на Велес била спроведена контрола на мотоцикли, при што се регистрирани 20 прекршоци./С.А