Пензионер е петнаесетта жрвтва на коронавирус во Велес
15.09.2020
Пензионерот починал вчера вечер на Инфективната клиника во Скопје по неколку дневно лекување од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата тој е петнаесеттата жртва на вирусот во Велес.
Според податоците на Центарот за јавно здравје Велес денеска има уште еден новозаразен велешанец и еден оздравен.
До денеска во велешко од Ковид -19 се заразија вкупно 289 граѓани, од нив 257 се оздравени и 15 починаа. Исто така 17 сограѓани се водат како активни случаи од кои 11 се лекуваат дома.
На Инфективното одделение во Општа болница Велес денеска се лекуваат 15 пациенти кои 11 се позитивни, еден е негативен додека за три лица се чекаат резултати од тестирање а тие имаат симптми на коронавирус. Од нив осум се велешани, тројца од Свети Николе, еден од Неготино, еден од Делчево.
Оценката на Кризниот штаб за состојбата со коронавирусот во општината е дека таа е стабилна но не предвидлива./У.Ј