Полициски службеници на СВР Велес ,за 24 часа, напишале 55 казни за неносење заштитна маска
Објавено на 16 септември, 2020 во 13:03
16.09.2020
Од вчера до денеска, полициски службеници од трите полициски станици на СВР Велес, во Неготино, во Кавадарци и во Велес, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштитна маска, казниле вкупно 55 лица.
Во Велес напишани се 37 платни налози, 12 во Кавадарци и шест во Неготино, соопшти СВР Велес./С.А