Кирил Гајдов избран за нов претседател на Советот на Општина Велес
Објавено на 21 септември, 2020 во 21:05
21.09.2020
Членовите на Советот на општина Велес, на денеска одржаната 61 седница, за нов Претседател на Советот на општината со мнозинство гласови го избраа Кирил Гајдов. Дипломираниот правник, по професија, ќе го раководи Советот по изборот за пратеник на екс претседателот д-р Ненад Коциќ. Гајдов е претседател на Општинската организација на НСДП во Велес која е дел од владеачкото мнозинство на локално ниво.
Новиот претседател на Советот зад себе има еден мандат членување во Советот на Општина Велес. Изборот на претседател се случи во вториот мандат. Тој беше сопственик и на приватен бизнис поточно беше сопственик на приватна фирма./У.Ј