(Обновено) СВР Велес привела четири дивокрадци кои тепаа полицајци кај село Степанци
Објавено на 24 септември, 2020 во 22:33
24.09.2020
Секторот за внатрешни работи Велес го потврди вечерашниот настан во атарот на село Степанци во кој дрвокрадци повредија пет полициски службеници од кои двајца се здобија со потешки повреди.
Во соопштението на СВР Велес се вели:
„Околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граќани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени 4 лица. Се работи на расчистување на случајот.“/У.Ј