Повторно тројца новозаразени велешани од Ковид – 19 , оздравен еден
25.09.2020
Во изминатите 24 часа се регистриран тројца велешани заразени со коронавирус. Тие не се наоѓаат на лекување на Инфективното одделение во Општа болница Велес. До објавувањето на веста не се примени на болничко лекување.
-На одделението денеска се лекуваат вкупно 19 пациенти од кои 17 се потврдени со тест додека за двајца, за кои велиме дека се сомнителни, сеуште не се стигнати резултатите од земениот брис. Од вкупниот број на лежечки пациенти 10 се од Велес, 4 од Кавадарци, 2 од Валандово и по еден од Свети Николе, Неготино и Делчево. Тројца пациенти, две жени и еден маж, се на кислородна поддрша. Тие се на средна возраст, помеѓу 55 и 60 години, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.
Нив ги соопшти во државната статистика Институтот за јавно здравје Скопје.
Исто така, во изминатите 24 часа, во вардарски плански регион регистрирани се едно во Неготино, тројца новозаболени лица во Кавадарци како и пет во Свети Николе.
Институтот за јавно здравје соопшти дека во исто време оздравени се по еден пациент во Велес и во Кавадарци како и тројца пациенти во Свети Николе./У.Ј