Велешанка, во два наврати, жртва на насилство и обљуба
Објавено на 29 септември, 2020 во 09:54
29.09.2020
Дваесет и четири годишна девојка од Велес, вчера во Полициска станица Велес, пријавила дека на 20 септември во два наврати, била жртва на обљуба.
Во двата наврати насилник било исто момче.
Прв пат физичкото насилство и обљубата се случиле во хотел во Велес и втор пат во близина на река Бабуна, кај Велес.
Врз девојката насилствата и обљубите ги извршил пријател на момче на нејзина пријателка.
Од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека работат на расчистување на случајот./У.Ј