Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

StolcetonaBlagoj fin

16.10.2020

Oва столче е препознатливо за секој граѓанин на Велес што минува преку железничкиот премин на пругата Скопје – Гевгелија на горниот влез во населбата Дворови. Ако столчето е празно тоа значи дека велешанецот Благој, што живее веднаш до поранешниот објект Народна кујна, влегол од спротивната страна на плоштадката, на починка, во приземјето на трошната куќарка која е негов дом. Тоа се случува во мал период од денот бидејќи вообичаено човекот, во поодминати години, седи на столчето. Така е од рана пролет до рана зима, секој ден, веќе со години, можеби децении.

Благој и денеска беше таму, седеше и ги гледаше сограѓаните кои минуваат покрај него. Тој ги познава своите соседи и често им довикнува на име. Така беше и денеска. Вообичаено кога ќе го слушнат своето име го прашуваат, зошто ги вика, му треба ли помош.

Денеска од неразговетниот говор прво заклучив дека не бара помош. И пред да го изминам сосема случајно забележав дека Благој ги подига ногавиците на панталоните. Под старите, изветвени и нечисти панталони што ги носи со денови или месеци се покажаа крвави рани на нозете а на делови и зараснати корузи. Во ништо подобра состојба не беа останати делови на неговото тело.

Blagoj fin

Благој за жал не успеа во намерата да каже од што се раните кои постојано му предизвикуваат чешање. Посебно на нозете. Тој не знаеше да каже ни кога последен пат е искапен или пресвлечен во чиста облека. Само со климање на главата денеска потврди дека крвавите рани на нозете постојано го чешаат. Кога тој ги чеша, се кинат корузи и од од нив тече крв.

Можеби раните ги предизвикала шуга. Колку и да е ова лична проценка па и делумно точна или не точна, гледката воопшто не е хумана.

И условите во кои живее овој велешанец, со неговата ќерка која е исто така лице со посебни потреби, погледнато од влезната врата на трошниот дом не се во подобра состојба. Тоа говори дека на двочленото семејство му е неопходно потребна помош. Благој е пензионер и неговата ќерка е вработена во фирма која вработува инвалиди но, очигледно е дека како лица со посебни потреби ним им треба надзор од трето лице. Освен за одржување на хигиена, за медицинска помош исто така и за заштита од не добронамерни луѓе.

За состојбата во која се наоѓа ова семејството став побаравме од Министерството за труд и социјална политика. Во писменото барање прашавме  дали Благој или неговата ќерка, се корисници на некаков материјален надомест од државата, ако се тогаш подлежат или не на надзор од трето лице и ако не се како државата им помага на лица со посебни потреби кои не можат за себе да се грижат.
До објавувањето на текстот, не добивме одговор од министерството.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1.   да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.
  1. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),

            -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

  1. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                                                                            Основен суд Велес

                                               

 
   
   
   
   

Најново