Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Veles fin

18.10.2020

Шест новозаразени и двајца оздравени, денеска, се официјално регистрирани во велешко. За време на двата дена од викендот во велешко има вкупно 23 лица кои се заразиле од инфективното заболување. И вчера и денеска за оздравени, со по два негативни теста, се водат вкупно 4 пациенти.

Вчера доцна попладне на Инфективното одделение во Општа болнива Велес имаше вкупно 34 пациенти, од нив само за двајца се чекаа резултати од брис, и 12 беа на кислородна поддршка. Денеска на болничко лекување има уште двајца нови болни, уште еден нов на кислородна поддршка.

Dr Vesna Nikolovska Nedelkova fin

-Хоспитализирани се вкупно 35 пациенти, 33 потврдено позитивни и двајца сомнителни. Тринаесет пациенти се на кислородна поддршка. Од вкупниот број на пациенти 20 се од Велес, осум од Свети Николе, четири од Градско, двајца од Кавадарци и еден од Демир Капија. На Инфективно одделение има слободни кревети за прифаќање на нови пациенти, рече д-р Вена Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.

Рекорден број на новозаболени денеска, во вардарски регион, има во Кавадарци вкупно 17 потоа во Неготино пет и тројца во Свети Николе. .

Денеска во државата починаа 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.

Институтот за јавно здравје регистрира само двајца оздравени пациенти од велешко во цел регион./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1.   да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.
  1. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),

            -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

  1. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                                                                            Основен суд Велес

                                               

 
   
   
   
   

Најново