Бел густ чад, денеска, скоро еден час се издигаше високо во воздухот во близина на населба Шорка, во Велес
20.10.2020
Запалено стрниште или смет, можеби отпад гореше скоро еден час, денеска, во дел од населбата Шорка во Велес. Димот се издигаше високо во воздухот. Фоторафијата што Дума.мк ја доби околу 14: 40 часот прво наликуваше на чад што може да е дел од пожар.
Локацијата на густиот бел чад, според снимената фотографија, е од задната страна на фабриката за конци „Ветекс“. Тоа е дел од населбата Шорка во кој има куќи со дворни места. За чадот никој не пријавил во Центарот за кризи и нема побарано интервенција од Територијалната противпожарна единица на Општина Велес.
Тоа значи дека не станува збор за пожар. Белиот чад единствено можеби е предизвикан од палење на стрништа или голема количина на смет. „Секој пали каде што ќе стигне, без да се почитуваат законските обврски на известување на надлежни служби“, коментираа од институциите задолжени за справување со ваков вид на појави.
Чадот дополнително врши загадување на воздухот. За тоа е потребна високо изградена еколошка свест и грижа од граѓаните. /У.Ј