Тројца починати велешани, пред полноќ и рано утринава, од Ковид-19
27.10.2020
Маж на 41 година почина во скопска Инфективна клиника и две жени на Инфективното одделение во велешка болница. Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес, за време на техничката влада, прво се лекувал на Инфективно одделение во велешка болница. Тој бил без коморбидитети, значи немал хронични заболувања. По влошување на здравствената состојба пред тринаесет дена веднаш бил транспортиран на Инфективна клиника во Скопје. Ангеловски пред полноќ ја изгубил битката со Ковид-19.
– Двете жени што починаa, исто така, во раните утрински часови на Инфективното одделение во велешка болница се на возраст од 57 години и 86 години, рече портпаролката на Општа болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова.
Педесет и седум годишната велешанка била примена на болничко лекување на 25 октомври, значи еден ден пред да ја изгуби битката со коронавирусот во лоша здравствена ситуација со многу отежнато дишење. Таа боледувала од намалена функција на тироидна жлезда а имала и прекумерна тежина. Осумдесет и шест годишната сограѓанка се лекувала од 19 октомври и била хронично болна од зголемен крвен притисок. /У.Ј