Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

BOLNICA odnapred

19.11.2020

Вчера вечер маж на возраст од 75 години и утринава маж на возраст од 55 години од Велес не успеаја да се спасат од коронавирусот иако се лекуваа на Инфективно одделение во болницата.

До овој момент на болничко лекување се наоѓаат вкупно 84 пациенти или седум ковидпациенти повеќе од вчера. Од нив 69 се потврдено позитивни и 8 негативни на ковид тест, но им е потребна здравствена помош, како и 28 пациенти на кислородна поддршка исто како и во вчерашниот ден.

Од вкупниот број на болнички пациенти полно до последно место е Инфективно одделение каде се лекуваат најголем број - 54, на Одделението за физикална медицина и рехабилитација се сместени 20 или шест повеќе од вчера додека, по испишувањето од болничко лекување на петмина, денеска на Интерно се лекуваат 10 ковидпациенти.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново