Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Deponijasozgura fin

20.11.2020

Машински се ископува, се сее, се утовара во четири камиони дневно и се транспортира техногениот отпад од депонијата позади поранешна велешка Топилница. Операторот ,,Кепс Маунт Груп“ кои првично ветуваше извоз во Малезија сега најавил дека ја транспортира на алтернативни пазари кај соседите, Србија и Косово .

На локацијата „Баш колиби“, на северната страна на Велес каде се наоѓа црниот рид со троска, операторот постави сепарација и агрегат за обезбедување на електрична енергија, а во скоро време очекува поврзување на инсталацијата на системот за снабдување со електрична енергија ако за тоа не му создава дополнителни проблеми ЕВН Македонија.

Првично претпријатието за дистрибуција на електрична енергија во државата од концесионерите на депонијата побарало да платат за поставување на столбови за електрична енергија и поврзување на електро енергетскиот систем.

Општина Велес е во постојана комуникација со операторот, кој се обврзал за почеток да извезе по 150 000 тони од троската кај соседите, Србија и Косово.

acekocevski fin

-Поради актуелната состојба со аерозагадувањето со операторот е договорено активностите да бидат минимални и строго контролирани. Затоа на ден ќе се товаат по четири камиони. Општина Велес е во постојана комуникација со операторот и ја следи будно состојбата, рече градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Денешниот ден е трет како се полнат камионите и троската се транспортира. Техногената минерална суровина содржи количини на арсен и кадмиум освен до 10% цинк, до 2,4 % олово, и 25% железо. И токму првите опасни концентрации на хемиски елементи се опасни по здравјето на граѓаните.

Депонирани, затоа што црниот рид се наоѓа во близина на велешката населбата Шорка каде што живеат голем број на граѓани кои имаат градини и одгледуваат храна, како и до брегот на реката Вардар во кој преку подземните води петта деценија хемисите опасни соединенија се вливаат.

Dislokacijanatopilnicarskatroska fin

По 17 години од затворањето на поранешна Топилница, за чиј катанец на влезната врата, се заслужни граѓанските организации организирани во „Зелена коалиција“ со поддршка на Општина Велес како организатори на повеќе граѓански масовни протести така и граѓаните на Велес како учесници, сега велешани можат да здивнат бидејќи со транспортот на троската ќе биде решена уште една еколошка жешка точка во државата. Но првенствено во Велес.

Претходно, црниот рид со троска се создаваше како дел од 30 годишното работење на велешката Топилица за олово и цинк. Тој содржи 1,8 милиони тони троска.

Сега, додека пред очите на граѓаните се случува транспортирање на опасната троска, освен инспекторите на општината и тие треба да бидат постојан мониторинг за да не се случи опасните честички од прашината повтоно и дополнително да им го загрозат здравјето и животот.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново