Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

StarVeles fin

21.11.2020

Трагајќи по изнесените податоци по објавената приказна со наслов „Секогаш додека ја слушам народната песна „Ми заплакало Ваташа“ дојдов до сознанија за кавадарчанката која билс свирепо убиена од страна на бугарските војници и полицајци. 

Дознав дека таа се викала Рајна Соколова.

Нејзиниот син Ѓорѓи Соколов – Сокол (партизанското име) бил меѓу првите излезени партизани на теренот на Тиквешијата и бил трн во око на бугарските власти. Рајна имала и помал син, гимназијалец, кој за среќа не бил дома за време на рацијата. Поради тоа што не сакала да каже каде е син и`, Рајна била ѕверски искасапена на парчиња од страна на ,,ослободителите“. Овој свиреп настан во време на Втората светка војна во Македонија го згрозил Кавадарци .

Од еден велешанец добив податоци за вистинит настан што се случил во Велес уште при самото доаѓање на бугарската војска и полиција во градот, како окупатори на македонскиот народ и држава во Втората аветска војна. 

Во нив ми беше предочено како се случило свирепото убиство на фурнаџијата Трајко од фурната во населбата во Дворови. Ќе ви ги пренесам во неколку реченици.

На убиството на фурнаџијата му претходела случка во која пијан полковник на велешкиот полк физички нападнал една млада жена, пред фурната на Трајко Боранијата во ,,Дворови“, после преминот и рампата на железничката пруга Скопје - Гевгелија, што се користи како влез во овој дел на старВелес до ден денешен.

Жената си носела штица со леб за печење на фурна кога била нападната. Таа за да се одбрани викала за помош и прв ја слушнал фурнаџијата Трајко кој со „канџата“ за вадење тави излегол од фурната и неколупати го удрил полковникот, по што тој избегал од местото на настанот.

Подоцна, бугарски полицајци дошле и го уапсиле фурнаџијата.

Трајко бил претепан до смрт во Участакот во Велес.

Случајот предизвикал револт кај велешани , а неколку дена подоцна зајакнати патроли на бугарската полиција патролирале низ градот.

Тогашната велешка партиска  организација, по тој повод, отпечатила леток со содржина за овие случки спротивставувајќи и се на тогашната бугарска пропаганда, во првите моменти од доаѓањето во Велес како окупатор.

Фотографија: Народен музеј Велес и е илустрација.

Вашиот хроничар
Љупчо Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново