Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Vakciniranje2020 fin1

21.11.2020

Матичните лекари во Велес, преку Мој Термин, во вториот обид за вакцинирање на своите пациенти успеале да обезбедат само 116 вакцини. Исто толку возрасни граѓани од понеделникот, 16 до петокот 20 ноември се вакцинираа во поранешната амбуланта за очни болести во Здравствениот дом во градот. Сите што успеаја да ја добијат бесплатно ја примија.

Во петокот екипата за имунизација на велешката јавната здравствена установа ја отвори амбулантата во 7 часот. Според протоколот за работа, во една смена, можеа и се вакцинираа 25 пациенти.

Др Пандели Божиков прво го примаше упатот од матичните лекари потоа со пациентите разговараше, ги распрашуваше за хронични болести и дали ова е прво или кое по ред вакцинирање од сезонски грип додека медицинската сестра ја подготвуваше вакцината. Потоа следеше вакцинирањето.

Vakciniranje2020 fin2

На прашањето дали годинава има поголем број на пациенти за бесплатна вакцинација и од каде е набавена вакцината со која се вакцинираат велешани лекарот одговори:

-Годинава е зголемен бројот на вакцинирања споредено со истиот период минатата година. Вакцината е од француски производител, со висок квалитет, квадривалентна и штити од четири типови на вирус поточно од два типа на А и два типа на Б вирусот. Неа вакцинираните ја поднесуваат одлично. До овој момент, нема ниту една несакана реакција кај ниту еден вакциниран граѓанин. Во зависност од пуштените термини на Мој Термин дневно вакцинираме помеѓу 22 и 25 пациенти. Засега работиме во една смена но ако се добијат поголем број на вакцини Службата за имунизација е подготвена да работи и во две смени, рече д-р Божиков.

Vakciniranje2020DrBozikov fin3

Тој додаде дека станува збор за квалитетна вакцина и соопшти дека во втората недела, 116 обезбедени вакцини биле од голем број на матични лекари во Велес кои успеале да резервираат по два до три термини.

Во петокот службата вакцинираше пациенти на седум матични лекари во градот. Претежно беа повозрасни граѓани со хронични болести. Др Божиков додаде дека вакцинирале и лица над 65 годишна возраст, трудници, здравствени работници и деца до 6 годишна возраст. Од почетокот, 10 ноември до 20 ноември во Велес со бесплатна вакцина се вакцинирани вкупно 216 граѓани.

126429030 203883647805621 1388145389858686533 n

Овој одговор на лекарот го отвора прашањето што е причина за вака малиот број на резервирани термини преку Мој Термин наспроти големиот интерес од страна на граѓаните. Еден од четворицата матичните лекари што во првата недела на вакцинацијата успеа да резервира 30 вакцини тогаш соопшти дека се обидувал но не можел да обезбеди повеќе термини за своите пациенти. Неговиот претходно подготвен список од заинтересирани пациенти за вакцинирање со бесплатна вакцина поради хронични болести бил неколку пати подолг од 30 термини што тој успеал да ги обезбеди.

Министерството за здравство во одговорот на прашања  на Дума.мк поврзани со приоритизацијата на градовите не даде конкретен одговор. Во одговорот пак на прашањето колку вакцини ќе може да добијат пациенти од Велес беше соопштено дека првичната количина од 40 000 бесплатни вакцини засега е доволна и од неа ќе добијат сите градови во државата како и дека доколку се појави поголем интерес ќе биде набавена и дополнителна количина за потребите на граѓаните во државата.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново