Син натепал мајка, се степале во казино во Градско и од полициските службеници напишани се 31 казни за неносење на заштитна маска
23.11.2020
Во изминатиот викенд мајка го пријавила својот син дека физички ја нападнал. Нападот се случил вчера, кога Д.А.(66) од Велес пријавила дека околу 09.30 часот, во нејзиниот дом ја тепал родениот син.
Втората тепачка, исто така, се случила вчера попладне околу 17:15 часот кога во Д.И.(27) од Градско пријавил дека во казино во Градско бил физички нападнат од Г.В.(31) од село Виничани, Градско. Тој пријавата ја поднел дваесет минути откако се случила.
– По целосно документирање на двата случаи ќе биде поднесена соодветна пријава, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Секторот за внатрешни работи Велес денска соопшти дека во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 54 лица. Од нив казни заработиле 31 велешанец, 14 кавадарчани и девет неготинци. Според полицијата против лицата ќе следуваат соодветни мерки.
Стоилко Андреевски