Починати двајца пациенти од Ковид 19 во велешка болница каде денеска има 20 слободни легла
25.11.2020
Маж на 75 години од Велес непотврден на Ковид кој починал вчера вечер околу 20 часот и жена на 67 години од село Јаболчиште позитивно потврдена што почина утринава на Инфективно одделение во велешка болница се нови две жртви на опасниот вирус. Со нив црниот биланс во општината се искачи на бројка од 60 починати ковид пациенти од почетокот на епидемијата во државата.
Денеска во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 74 пациенти од кои 62 се потврдено позитивни, 6 сомнителни и 6 се со негативни тестови.
И понатаму е висока бројката на пациенти што се на кислородна поддршка, вкупно 26.
Од вкупниот број на Инфективно се лекуваат 49 ковид пациенти што значи дека на ова болничко одделение има уште шест слободни легла.
На Интерно одделение се слободни 5 болнички легла затоа што се лекуваат 10 суспектни пациенти.
На Одделението за физикална медицина и рехабилитација болнички здравствени услуги добиваат 15 пациенти и има уште 9 болнички кревети.
Стоилко Андреевски