26.11.2020
Велешанецот починал вчера вечер околу 20 часот откако бил примен на Инфективно одделение во велешка болница поради здравствени проблеми но со направен тест на коронавирус било утврдено дека е позитивен. По тридневно болничко лекување од Интерсно бил префрлен на Инфективно одделение. Таму се лекувал 5 дена од Ковид-19. За жал вчера вечер починал.
Тој е 61 жртва на коронавирусот, од почетокот на епидемијата, во велешко.
Според др Весна Николовска Неделкова денеска во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 71 пациенти.
-Од вкупниот број 60 се позитивно потврдени , 4 сомнителни и 7 со негативни тестови. На кислородна поддршка се 27 пациенти. Пациенти на Инфективно се 48, на Физикална 16 и на Интерно 7 лица, рече портпаролката др Николовска Неделкова.
Таа додаде дека Интерно одделение во велешка болница официјално не е Ковид одделение туку таму само се прифаќаат пациентите кои имаат потреба од дополнително лекување а кои веќе имаат негативни тестови. Од пациентите кои се хоспитализираат на интерно поради други болести а во меѓувреме се тестираат и се Ковид позитивни лекувањето го продолжуваат на Инфективно одделение.
Стоилко Андреевски