Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Zashtitnimaski fin

27.11.2020

Вчера вечер во 21.00 часот во Полициската станица Велес Д.П.(45) од Велес пријавила дека, околу 20.30 часот била нападната од куче домашен миленик. Каснувањето на жената се случило додека таа се движела по ул.„Славе Петков“.

Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита Секторот за внатрешни работи Велес евидентира вкупно 66 лица. Казнети се 48 во Велес, 12 во Кавадарци и шест во Неготино.

- Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Стоилко Андреевски

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново