Почина маж од коронавирус во велешка болница
Објавено на 30 декември, 2020 во 14:47
30.12.2020
Починатиот ковид пациент имаше 70 години и две недели бил лекуван на Инфективно одделение во Општа болница Велес.
Денеска во болницата се лекуваат вкупно 32 ковид пациенти, од кои 24 се потврдено позитивни, 4 не се потврдени и 4 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Од вкупниот број на ковид болни на кислородна поддршка се 11 пациенти.
На Инфективно одделение се лекуваат 27 и на Интерно 5 пациенти.
Стоилко Андреевски