Прогласени најуспешните велешани во 2020 година
30.12.2020
На свечена манифестација, општината и годинава ги додели наградите на најталентираните ученици и студенти, како и најуспешните поединци за 2020 година.
За најуспешни екологисти беа прогласени најмладите од ООУ „Рајко Жинзифов“ од село Долно Оризари, второто место им припадна на екологистите од собирниот центар од ООУ „Блаже Конески“ и третото место им припадна на децата од Детската Градинка „Димче Мирчев“.
Доделени стипендиите на најталентираните ученици и студенти за учебната 2020/2021 година на најдобри средношколци Мартин Голчев, Вероника Гијовска, Кире Џунев, Ребека Манева, Сара Крстиќ, Јовица Димовски, Тамара Коцевска, Викторија Јовева, Роберто Андов и Наталија Купенкова.
-Ви посакувам успех и во понатамошното учење, студирање и во иднина и во Вашата кариера, им порача Живко Пренџов, претседател на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и стипендисти.
Најуспешни студенти во 2020 година прогласени се Изабела Апцева, Леонид Миланов, Бојана Кацарова, Љубенка Ордева, Ана Трајчева, Виолета Иванова, Драгана Кучукова, Виктор Игнов, Цветанка Ацева и Сандра Ташковска.
-Ќе ви честитам со една реченица: „Каква младина има една општина, таква ќе и биде и иднината“,претседателот на Советот на Општина Велес“, Ќирил Гајдов.
– Посакувам тоа што го постигнавте во 2020 година да Ви биде мотив и во 2021 година. Да биде мотив и за другите ваши врсници и тие да постигнуваат врвни резултати на секое поле“, рече Градоначалникот Аце Коцевски.
Наградата за најдобар комунален работник на Велес за 2020 година, Општина Велес му ја додели на Нафит Муртезани, вработен во Секторот Комунална хигиена во ЈКП „Дервен“. Наградата ја добива за 18 години посветена професионалност во извршување на сите доверени задачи.
За најдобар пожарникар годинава прогласен е Кире Диковски, од Територијалната противпожарна единица, препознатлив како хуман и храбар професионалец кој смело се справува со огнената стихија, спасувањето на човечки животи и имотот на граѓаните.
Најуспешен полициски службеник за 2020 година е Стојанче Јовановски. Наградата ја доби за бескомпромисната борба со криминалот, професионализмот, посветеноста и одговорноста во извршување на работните задачи.
Со својата посветеност, професионалност и грижа за јавното здравје, годинава, во услови на пандемија, се истакна др. Бојан Тодоровски. Наградата му се доделува за граѓанин заслужен за професионален и несебичен ангажман во Општинскиот кризен штаб за 2020 година.
Наградата за спортски успех, годинава му се додели на Фудбалскиот клуб „Борец 1919“ за постигнати високи клубски резултати во областа на фудбалот во 2020 година.
За посебен придонес во развојот на филмската уметност, за препознатливост и афирмација на Велес во земјата и странство, Општина Велес повеќе од заслужено, му го додели признанието за најуспешен во областа на културата во 2020 на креативецот Данчо Стефков, независен продуцент и филмски монтажер.
Наградата за хуманист на годината, постхумно му е доделена на најголемиот од големите, хуманистот Анѓел Ќиров. Во негово име наградата ја прими претседателката на ОО на Црвен крст Велес, Милица Ристовска Темелковска.
За сите волонтерси хуманитарни акции, за сите доблести кон сограѓаните, Општина Велес го награди и прогласи Филип Иванов за Филантроп за 2020 година.
Здружението на граѓани Акцијаш – ветерани ја доби наградата за најактивно волонтерско здружение за 2020 година.
Годинава наградата за најдобар административен службеник е прогласена Маријана Нешова, самостоен референт, книговодител. Наградата ја добива за 20 годишната посветеност во финансиското работење на Општина Велес.
Убавка Јаневска