Денешниот ден со најнизок број на болнички лекувани ковид пациенти во Велес
Објавено на 31 декември, 2020 во 13:55
31.12.2020
Во последниот ден од годината, во Општа болница Велес, се лекуваат вкупно 27 пациенти инфицирани од коронавирус. Од нив 22 се потврдено позитивни, еден е сомнителен и 4 пациенти со негативен тест но задржани затоа што во процесот на закрепнување сеуште им е потребна здравствена нега.
Од вкупниот број на болнички пациенти на кислородна поддршка се 10.
На Инфективно одделение се лекуваат 23 ковид пациенти додека четворица на Интерното одделение во болницата
Денеска испишани се 6 пациенти, како оздравени, со по 1 негативен тест.
Како што соопшти портпаролката др Елеонора Јованова, поради влошена здравствена состојба еден пациент е транспорт на Инфективна клиника во Скопје.
Убавка Јаневска