Мајка од Велес пријави исчезнување на ќерка
Објавено на 2 јануари, 2021 во 15:49
2.01.2021
Вчера доцна попладне, во 18.00 часот, во Секторот за внатрешни работи Велес педесет и едногодишната О.С. од Велес пријавила дека, од дома се одделечила нејзината керка М.С.
– Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, рече Верољуб Додевски.
За помалку од седум дена ова е второ исчезнување на девојка во градот.
Претходно исчезнаа две девојки на седумнаесет и осумнаесетгодишна возраст од кои едната била невенчана сопруга на пријавителот на исчезнувањето.
Стоилко Андреевски