Преполовен бројот на ковид пациенти на Инфективно во велешка болница
Објавено на 2 јануари, 2021 во 16:05
2.01.2021
Се намалува бројот на пациенти кои се лекуваат од коронавирус во Општа болница Велес.
На Инфективно се лекуваат 24 и на Интерно одделение 4 пациенти или вкупно 28, од кои 19 се потврдено позитивни,3 сомнителени и 6 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување поради неопходната здравствена помош во закрепнувањето од заразното заболување.
Од вкупниот број на кислородна поддршка се 10 пациенти, што сепак е висок, скоро половина од болничките пациенти.
Во споредба со бројот на пациенти кои се лекуваше во болницата на почетокот на минатиот месец на почетокот на овој месец бројот е преполовен додека во споредба со ноември 2020 година изнесува само третина.
Убавка Јаневска