Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

PODZEMNIKONTEJNERI

13.01.2021

Наместо во досегашните надземни, велешани од денеска, на седум локации во градот ќе можат комуналниот отпад да го изнесуваат од дома и да го фрлаат во подземни контејнери. Први благодетот од овој нов начин на складирање на домашен смет, со што ќе се заштити животната средина и во исто време ќе бидат почисти јавни површини, ќе имаат граѓаните на седум локации во Велес.

Веќе функционираат подземните контејнери на улиците: „Илинденска“ до поранешна Стоковна куќа, на „Методија Андонов Ченто“ пред пешачкото мовче над Битолска пруга, на „8 Септември“ помеѓу зградата на Централен регистар и на Основен суд Велес како и спроти театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Контејнерите ќе се употребуваат така што при фрлањето на сметот граѓаните ќе притиснат ножна педала што ќе го крене поклопецот и ќе овозможи во подземна вреќа, изработена од водонепропусен полиестер со волумен од 3 м3, да ги фрлат вреќите со домашен комунален отпад.

Podzemnikontejneri2 fin

ЈКП „Дервен“ ќе ги празни контејнерите секој ден, во утринските часови откако набави нова хидраулична дигалка што овозможува специфичен начин на празнење на подземните контејнери.

За потребите од редовно празнење на подземните контејнери потребно е граѓаните да не паркираат возила пред локациите на кои што тие се поставени.

Од Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат во подземните контејнери да не се фрла картонската и ПЕТ амбалажа, градежен шут, жар и пепел од домашни ложишта. Исто така нагласуваат дека на јавните површини има поставено доволно соодветни садови за отпадот што може да се селектира.

Општината е со план да го зголеми бројот и локациите за поставување на подземни контејнери во градот.

Стоилко Андреевски

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново