14.01.2021
Новогодишната елка која се наоѓа во Младинскиот парк, повеќе не е во функција. Оштетени се светлечки кордони од страна на несовесни граѓани, и истата повеќе не е безбедна за посетителите во паркот.
Општина Велес од своите служби побарала исклучување на новогодишната елка, и во наредните денови во зависност од временските услови, ќе мора да се изврши и демонтажа на елката.
Се апелира до сите граѓани да не се доближуваат блиску елката, иако истата е исклучена.
Стефани Манева